Добредојде во waterdrop®... Новак Ѓоковиќ

Добредојде во waterdrop®... Новак Ѓоковиќ

Читање Добредојде во waterdrop®... Новак Ѓоковиќ 4 минути

Добредојде,

Задоволство ни е да му посакаме добредојде на Новак, еден од најпочитуваните и најуспешните светски спортисти, кој ни се придружува како инвеститор и амбасадор.

Зошто е ова толку важно??

waterdrop® ја продолжува својата мисија да ја подигне свеста во индустријата за пијалаци – да ја предизвика и промени.

Решени сме да ја подигнеме свеста за негативното влијание од нездравите пијалаци – полни со шеќер во амбалажа од пластика и штетни материјали, а сега добивме големо засилување во нашата мисија.

Новак Ѓоковиќ ги споделува нашите ставови за промените и со своето единствено искуство и хумани вредности несебично помага waterdrop® да добие уште поголемо значење.

За да станете спортист, не можете да се потпрете само на талентот и тренинзите, туку треба да правите и вистински избори за вашето тело“, вели Новак Ѓоковиќ. Здравиот начин на живот вклучува соодветна хидратација без да се загрози влијанието врз животната средина. Верувам дека заедно можеме да направиме исчекор и напредок во решавање на проблемот со пластичните шишиња на турнирот.”

Многу сум горд што можам да му посакам добредојде некому со непоколеблив шампионски дух и ментална сила“, рече извршниот директор и основач на waterdrop®, Мартин Мареј. „Тој е навистина посветен на планетата и има длабоко познавање за важноста на хидратацијата. Неговата посветеност на здравиот и подобар живот е совршено ускладена со нашата мисија. Убедени сме дека со поддршката на Новак Ѓоковиќ можеме да извршиме вистинско влијание и навистина да ја стресеме (и промениме) индустријата за пијалаци“.

Особено сме горди што логото на waterdrop® ќе биде на ракавот на Ноле за време на Австралија Опен во 2023 година, како и на сите други турнири во иднина.

Зошто waterdrop®?

Од 2016 година, waterdrop® се обидува да го задржи традиционалниот рецепт и со воведувањето на технологијата Microdrink успеавме да постигнеме уникатни резултати за време на хидратација.

Водени од нашата мисија да ги охрабриме луѓето да пијат повеќе вода, waterdrop® е посветен на свесен пристап кон животната средина и одржлив начин на работа; со намалување на бројот на пакувања, а со тоа и намалување на негативното влијание врз природата преку помала употреба на пластика како и помала емисија на CO2 во природата.

waterdrop® неодамна влезе на пазарот за спортски пијалаци со лансирањето на Microlyte: без шеќер, кој првенствено се фокусира на спортското закрепнување. Достапен во три вкуса, секој Microlyte содржи пет електролити, девет витамини + цинк, а според основните вредности на waterdrop®, ќе има ефект и врз елиминирање на отпадот од шишиња благодарение на неговата практична биоразградлива форма.

Со лансирањето на Microlyte, waterdrop® може да ве хидрира кога ви е најпотребно – за време и по спортски активности.

Со зголемена активност на полето на спортска хидратација, waterdrop® има чест да им даде поддршка на американските тенисери Даниел Колис и Тејлор Фриц кои се верни бренд амбасадори. Исто така, waterdrop® се обидува да ги претвори АТП турнирите во настани без пластични шишиња со иновативни клупи за хидратација (на сликата подолу).

waterdrop® Hydration Bench

 

Дали сте подготвени да му се придружите на нашето движење и да направите разлика на нашата заедничка планета? Запомнете: милион пластични шишиња се купуваат секоја минута ширум светот и според „Коалицијата за загадување од пластика“ (PPC), 91% од тие шишиња не се рециклираат, туку ја загадуваат природата.

Сега со Новак Ѓоковиќ, шансите за почиста и помалку „пластична“ планета се многу поголеми.

По 6 години постоење, компанијата порасна на повеќе од 2 милиони онлајн клиенти, моментално има над 300 вработени, се наоѓа во повеќе од 20.000 малопродажни објекти и работи со повеќе од 40 сопствени продавници во Европа, САД, Австралија и Сингапур.